Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > “Јуниор“ лига: Победи за РК Ангели, Урдаревски и Драчево, во машкиот дел кај генер. 2006/07
“Јуниор“ лига: Победи за РК Ангели, Урдаревски и Драчево, во машкиот дел кај генер. 2006/07

“Јуниор“ лига: Победи за РК Ангели, Урдаревски и Драчево, во машкиот дел кај генер. 2006/07

Денес во С.Р.Ц. Кале продолжија натпреварите од шесттото коло во ракометната “Јуниор“ лига. Први на програмата беа натпреварите во машкиот дел, кај генерацијата родени 2006/07 година.

Екипата на Ангели од Ѓорче Петров успеа да слави во дуелот со ОПШ. Кисела Вода со резултат од 15:8. По првото полувреме имаа убедливо водство од 7:1, а Ангели го започнаа натпреварот со пет последователни голови, за конечно гол да постигне и Кисела Вода, а до крајот на првиот дел, Ангели со два нови гола на кратка пауза одат со шест голови позитива. Избраниците на Силвана Миленковиќ со серија од 3:0 го започнуваат вториот дел и стигнуваат до убедливи 10:1. До крајот на натпреварот немаа поголеми проблеми да ја задржат предност и на крајот славеа победа со резултат од 15:8.

Екипата на Драчево одигра два натпревари од кои еден беше на програмата денес, противник им беше Урдаревски. На овој дуел славеше екипата на Урдаревски, со резултат од 8:14. Започнаа со серија од пет последователни голови, за Драчево да постигне прв гол и да намали на 1:5. Продолжија Урдаревски со добрата игра и со нова серија од 0:3 зголемија на 1:8. До крајот на првиот дел, тимот на Драчево успеа да ја ублажи негативата и на полувреме резултатот да биде 5:10.

Во текот на вчерашниот ден во истава генерација, меч одиграа екипите на Драчево и ОПШ.Кисела Вода. Тука победи Драчево со резултат од 10:3. Кисела Вода одржуваше резултатска неизвесност само во првите пет шест минути кога резултатот беше 3:2, за Драчево да постигне пет последователни голови и на полувреме да има предност од 7:2. Мал број на голови гледавме во второто полувреме, кое започна со гол на Кисела Вода, за намалување на резултатот на 7:3, за до крајот на натпреварот Драчево да постигне три гола, за конечен резултат од 10:3.