По одлуката на раководството на црвено-црните да настапат денес со младинскиот погон за дуелот против Силекс составот е следен. На голот ќе биде Алексовски, кој што ќе биде „највозрасен“ во екипата со 23 години. Во одбраната на нашиот тим Антовски, Серафимов, Младеновски и Тодороски. Во средниот ред на Вардар се најдоа Реџепи, Адем и Исени, како поддршка за „тројката“ во нападот Попзлатанов, Цветаноски и Бериша.
На клупата за резерви ќе бидат Илиќ, Митревски, Радевски, Пешевски, Дишлиевски, Јахја. Сите од клупата имаат под 21 година.