Иако настапи со младински состав, ФК Вардар му пружи силен отпор на Силекс, во рамките на 22 коло од ПМФЛ. Вардар поведе со голот на Попзлатанов, но до крајот на првиот дел, кратовчани направија резултатски пресврт и на одмор имаа водство од 1:3. На осум минути пред крајот на мечот, со вториот гол на Попзлатанов го намаливме резултатот на 2:3, што на крај се покажа и како конечен.
Погледнете ги головите од овој дуел.