Овој викенд стартуваше и пролетниот дел од сезоната 2017/18 за младинците на ракометниот клуб Вардар. Тие првото пролетно коло го одиграа против тимот на РК Македонија Ѓорче Петров. На гостински терен, нашите момчиња дојдоа до убедлива победа со резултат 35 – 26 (22 – 9).
Одлично го отворија првиот дел избраниците на тренерското дуо Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски кои го контролираа резултатот уште од почетокот. Од минута во минута постојано го зголемувавме водството па на крајот отидовме на одмор со комотна и двоцифрена предност. На пауза заминавме со резутат 22 – 9 во корист на младиот тим на Вардар.
Во второто полувреме домаќинот почна да се обидува да се врати во игра, тие отворија со серија 3-0 и намалија на 22-12 по само 3.минути игра. На средината од вториот дел веќе се наговестуваше победата на црвено-црните, ние имавме комотни “плус десет“ 27-17. Се до крајот беше рутина па победата дојде со високи 35 – 26 на крајот. Кај нас одличен беше Крстевски Виктор кој погоди 9 пати, Наков Васе беше стрелец на 6 гола, а Ќосевски Ален погоди 5 пати.
РК ВАРДАР: Крстевски Виктор 9 , Наков Васе 6, Ќосевски Ален 5, Ѓорѓиев Игор 4, Мисаилески 3, Миланов Марио 3, Трајковски Дарко 1, Милошевски Христијан 1, Митевски Даниел, Биковски Христи, Давитков Филип, Петковски Брајан, Давид Олтовски, Мајсторвски Мартин, Тушев Александар, Мишовски Благој
Тренери: Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски