Денес селекторот на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на репрезентативци кои што ќе настапат на пријателските дуели со Финска и со Азербејџан. На истиот има место за двајца играчи на фудбалскиот клуб Вардар.
Повикани се десниот бек Kристијан Тошевски и Дарко Велковски. Црвено-жолтата селекција во Анталија, Турција ќе ги одигра овие два тест-натпревари. Првиот тест се игра на 23 март, а вториот на 27-ми. Покрај нив во младата селекција на Македонија на селективен камп беше повикан голман на црвено-црните, Филип Илиќ.