Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стигна официјална потврда од СЕХА, Скопје и Јане Сандански ќе бидат домаќини на Ф4 во СЕХА-лигата
Стигна официјална потврда од СЕХА, Скопје и Јане Сандански ќе бидат домаќини на Ф4 во СЕХА-лигата

Стигна официјална потврда од СЕХА, Скопје и Јане Сандански ќе бидат домаќини на Ф4 во СЕХА-лигата

Официјално стигна потврда од СЕХА, според која Скопје е домаќин на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во СЕХА-лигата. Целје и Пореч се споменуваа како најсериозни да ја загрозат кандидатурата на нашиот главен град, во врска со организацијата на Ф4 турнирот во ова натпреварување, но сега стигна и официјална потврда дека Вардар ќе биде домаќин на завршниот турнир.

Веќе се познати и екипите кои ќе се борат за трофејот, односно ќе се обидат да го симнат Вардар од приматот, актуелен шампион во СЕХА-натпреварувањето. Покрај црвено-црните сигурни учесници на Ф4 се уште и екипите на Брест Мешков, ППД Загреб и Целје. Вардар ќе има можност во својата арена “Јане Сандански“ да го брани трофејот освоен од минатата сезона и да ја збогати колекцијата во своите витрини, истовремено ќе се бори за првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона. Да напоменеме дека Вардар е најуспешен клуб во СЕХА со три освоени трофеј, додека втор е тимот на Веспрем со две титули, една има и екипата на ППД Загреб. Оваа сезона завршниот турнир ќе се одигра во периодот од 13-15-ти април.