Историскиот пласман на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа донесе позитивни вести и во дугите клубови кои се дел од првата македонска фудбалска лига. Инаку како што пренесува “Македонски спорт“ на сметката на секој од клубовите во МПФЛ ќе “легнат“ некаде околу 300.000 евра, благодарение само на нашиот шампион кој успеа да направи историски успех и да стане првата екипа во Македонија, на која и успеало да се квалификува по групи во некои од Европските натпреварувања.
Се работи за пари кои ги дава солидарниот фонд на УЕФА, а ќе бидат од големо значење пред се за младите клубови кои финансиски се помалку моќни од останатите екипи во нашето првенство.