Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Пет играчи на ФК Вардар дел од Македонската репрезентација до 19 години, во рамките на квалификациите за пласман на ЕП
Пет играчи на ФК Вардар дел од Македонската репрезентација до 19 години, во рамките на квалификациите за пласман на ЕП

Пет играчи на ФК Вардар дел од Македонската репрезентација до 19 години, во рамките на квалификациите за пласман на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години во периодот од 21-27-ми март ќе игра квалификации за пласман на Европското првенство кое ќе биде одиграно во Финска, од 16 до 29 јули. Оваа селекција која се смета за надежна на квалификацискиот турнир одигран во Скопје забележа три победи од исто толку натпревари, а тоагаш совладани беа селекциите на Белгија, Швајцарија и Лихтештајн.

И овој пат квалификацискиот турнир ќе биде во Скопје, на тренинг центарот “Петар Милошевски“ а противници на Македонија ќе бидат соодветните репрезентации на Англија, Унгарија и Латвија. За овие дуели, селекторот Вујадин Станојковиќ повика пет играчи од фудбалскиот клуб на Вардар. Се работи за голманот, Методија Велковски, потоа бековите, Тодор Тодороски и Филип Антовски, играчот од средниот ред, Филип Стојчевски и напаѓачот, Бојан Колевски.

Квалификациите во сите групи мора да завршат до 20 мај, а само најдобрите од сите седум групи ќе бидат дел од завршницата на Европското првенство. Се надеваме дека една од нив ќе биде токму Македонија.