Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Трета последователна победа во исто толку денови, за ЖРК Вардар кој беше подобар од Куманово
Трета последователна победа во исто толку денови, за ЖРК Вардар кој беше подобар од Куманово

Трета последователна победа во исто толку денови, за ЖРК Вардар кој беше подобар од Куманово

Трета победа во исто толку денови за екипата на ЖРК Вардар, која во малата сала на С.Ц. Јане Сандански убедливо го совлада тимот на Куманово.

Со само десет ракометарки од кои две голманки успеавме да постигнеме 53 голови и да стигнеме до третиот последователен триумф во женската лига. Го започнавме мечот со серија од 4:0, за Куманово да го постигне својот прв гол и да намали на 4:1, по што Вардар направи нова серија од четири последователни голови и го зголеми резултатот на 8:1. Се погриживме да имаме и двоцифрена предност на шест минути пред крајот на првиот дел, кога резултатот беше 20:10. До истекот на првите 30 минути само ја зголемивме предноста, која беше изразена со резултат од 26:13.

Второто полувреме започна со серија од 4:0, а слично како во првиот дел, кога Овче Поле ќе постигнеше гол, Вардар враќаше со серија од неколку погодоци. Така беше и во случајот, кога гостинот го постигна првиот гол во овој дел, за црвено-црните да постигнат девет последователни голови и да зголемат на 39:14. До крајот остана само рутински да се одработи мечот, на кој славиме убедливо со резултат 53:25.

Најефикасна беше Александра Лакрабер која броеше до 15 голови, додека Саздовска постигна 11 во противничката мрежа. Ова беше 17 победа од исто толку натпревари за Вардар.

Вардар: Кликовац 7, Саздовска 11, Кузнецова, Бајрамовска 3, Мицевска, Керамичиева 4, Суслина, Лакрабер 15, Петровиќ 4, Ристовска 9.