Изминатото коло екипата на ЖКК Вардар беше слободна во домашната лига, овој викенд тие имаат дуел со тимот на ЖКК Струга 2009. Во рамки на 4.коло од вториот круг црвено-црните се домаќини на екипата од Струга.
Вардарки во сабота, 10.март ќе ги пречекаат стружанки во нивниот дом, малата сала при С.р.ц “Кале“-Скопје. Ние сме фаворитки во овој натпревар, во двата досегашни во оваа сезона ние дојдовме до “цел плен“, во првиот дуел како домаќини ги добивме со 71-51, а в гости триумфиравме со овој противник со резултат 52-67. Вардарки во лигата се второпласирани на табелата со 18 бода, пред нас е само шампионот Бадел со два бода повеќе.