Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар гостува кај КК ГТЦ Мусандра во дербито за “сребрената“ позиција во МКЛ
Куглање: Вардар гостува кај КК ГТЦ Мусандра во дербито за “сребрената“ позиција во МКЛ

Куглање: Вардар гостува кај КК ГТЦ Мусандра во дербито за “сребрената“ позиција во МКЛ

Овој викенд на програмата во Македонската кугларска лига-МКЛ, на програмата е 13.коло или треттото коло од последниот круг. Во истото на програмата е најважниот дуел за црвено-црните оваа сезона, тие ќе бидат дел од дербито за “сребрената позиција“.

На нашиот црвено-црн тим, КК Вардар ривал е тимот на КК ГТЦ Мусандра до Скопје екипа која како и нас по 12.коло има по 16 бодови на своето конто. Двата тима во меѓусебен дуел ќе одлучат кој ќе биде на позицијата зад шампионот КК Макпетрол на табелата. КК ГТЦ е во блага предност во овој дуел, тие се домаќини, на нив им одговара и реми 4-4 бидејќи не совладаа со 5-3 на наш терен, а ние ги совладавме на нивни терен со резултат 3,5-4,5 во првиот дуел. Нашиот ривал исто така е во добра форма оваа пролет, сепак на овој дуел се е отворено и резултатот е важен за двата тима кои ќе атакуваат на победа. Очекуваме избраниците  на Драги Димитровски да дадат максимум во овој натпревар кој е клучен за остварување на нивната зацртана цел, втората позиција во МКЛ.

kugla-2

Натпреварот го играме како гости, задутре, 10.фебруари, истиот е закажан со почеток во 10-00 часот. Нашиот противник е домаќин во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје.