Завршниот турнир на седмата сезона во СЕХА-лигата ќе се одигра во Скопје и тоа во арената Јане Сандански, каде настапува нашиот шампион. Вардар го брани трофејот во ова натпреварување, а домашниот терен и публика ќе биде дополнителен мотив за црвено-црните да ја освојат втората титула оваа сезона, ако се знае дека првиот трофеј беше на почетокот на сезоната во рамките на првиот супер куп, кој исто така се одигра во Јане Сандански. Токму со СЕХА ќе започне и одбраната на четирите трофеи кои беа во сопственост на Вардар минатата сезона.
До крајот на регуларниот дел остануваат уште две кола, а Вардар е лидер и единствен тим кој нема пораз во ова натпреварување. Останатите учесници се ППД Загреб, Целје и Брест Мешков, а полуфиналните двојки ќе бидат познати после одигрување на останатите два меча. Вардар ќе игра со четвртопласираниот тим во регуларниот дел. Како капитените на екипите го најавија завршниот турнир погледнете преку видеово, во кое крајниот збор го имаше капитенот на црвено-црните, Стојанче Стоилов, кој шеговито кажа дека завршниот турнир ќе се одигра од 13-15ти април.
*Видеото може да го погледнете ТУКА!