Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Симе Симовски повика седум девојки од Вардар за дуелите со Фарски Острови
Симе Симовски повика седум девојки од Вардар за дуелите со Фарски Острови

Симе Симовски повика седум девојки од Вардар за дуелите со Фарски Острови

 Симе Симовски, селекторот на сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија го објави поширокиот список од 23 ракометарки за подготовките за двете квалификациски средби за ЕП 2018 против Фарски Острови. На поширок список на ракометарки на сениорска женска репрезентација од Вардар се наоѓаат седум ракометарки.

Станува збор за: Јована Мицевска, Јован Саздовска, Сара Ристовска, Теодора Керамичиева, Леонида Гичевска, Милица Николиќ и Мирјета Бајрамовска. Во квалификациите за ЕП 2018 на распоредот се двете средби против селекцијата на Фарски Острови. Првиот меч  нашите репрезентативки ќе го одиграат на гостински терен во Торшавн на 21 март, додека втората средба во Скопје е закажана за 25 март.