Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед на претпоследното коло во групата 2 од ЛШ, Вардар го обезбеди првото место
Преглед на претпоследното коло во групата 2 од ЛШ, Вардар го обезбеди првото место

Преглед на претпоследното коло во групата 2 од ЛШ, Вардар го обезбеди првото место

Претпоследното коло во главната рунда од женската Лига на Шампиони, беше актуелно изминатиов период. Во групата 2, победи забележаа екипите на Вардар, ФТЦ Будимпешта и Будуќност. Во последното коло единствено останува прашањето кој ќе го освои второто место во групата, откако ФТЦ успеа да го добие дуелот со Мец, со два гола разлика, колку што и Мец славеше на првиот дуел одигран во Франција.

Вардар стигна до својата десетта победа оваа сезона, откако на домашен терен ја совлада екипата на Битигхајм (30:22), втор пат сезонава. Извештајот од натпреварот можете да го прочитате на линкот,ТУКА.

Будуќност со триумфот против Турингер на коло пред крајот се промовира како четвртфиналист, со оглед дека има четири бода повеќе од германскиот претставник. Само еднаш, домашниот тим имаше водство од 8:7, кога Будуќност направи серија од 0:3 и поведе со 8:10. До крајот на првиот дел, избраничките на Аџиќ го задржаа водството и на одмор се замина со резултат 11:12. Црнагорките во второто полувреме играа се подобро и веќе во 37 минута имаа најголема предност од четири голови разлика (15:19). Благодарение на неколку одбрани на голманката на Турингер, повторно гледаме резултатска неизвесност, кога резултаот беше 21:22, па се уште постоеше неизвесност околу конечниот победник на овој дуел. Сепак со голот на Грбиќ на пет минути пред крајот, Будуќност имаше водство од 21:24, по што до крајот Турингер успеа да се избори само за минимален пораз од 24:25.

Кај Будуќност, Јауковиќ постигна шест голови, додека кај Турингер се истакна Нидервизер со седум голови.

ФТЦ Будимпешта успеа да го победи Мец во дербито на групата и да внесе неизвесност за втората позиција, во пресрет на последното коло од главната рунда. Во најголем дел од натпреварот Унгарките имаа предност, која на полувреме беше четири голови разлика (13:9). Иако Мец се обидуваше да ја анулира негативата тоа не им успеа и на крајот ФТЦ обезбеди победа со резултат 29:27.

Дури три ракометарки кај ФТЦ постигнаа по 6 голови, тоа беа Ковачиќ, Пена Абауреа и Шатзл, додека кај Мец по 5 гола беа дело на Грос, Лучиано и Хует.

Како изгледа табелата во оваа група, во пресрет на одигрување на последното коло:

1. Вардар  16

2. ФТЦ Будимпешта  12

3. Мец  12

4. Будуќност 8

5. Турингер 4

6. Битигхајм 2