Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Премовиќ: Саботниот натпревар нека биде подготовка за она што не очекува во четврфиналето
Премовиќ: Саботниот натпревар нека биде подготовка за она што не очекува во четврфиналето

Премовиќ: Саботниот натпревар нека биде подготовка за она што не очекува во четврфиналето

Во последното коло од главнат рунда во Лигата на Шампионите, Вардар ќе гостува во Морача на екипата на Будуќност. И двете екипи веќе имаат обезбедено пласман во четврфиналето, а нашиот шампион со триумфот во претходното коло го потврди првото место на табелата. Овој дуел нема резултатско значење, но двете екипи играат за престиж и за своето реноме. Првиот дуел одигран во Јане Сандански убедливо го доби екипата на Вардар со резултат 32:24.  Своите очекувања за саботниот дуел ги изнесе и десниот бек на Будуќност, се работи за Сања Премовиќ.

Имајќи во предвид дека веќе обебедивме пласман во четврфиналето, треба да играме опуштено, да напредуваме во играта, како во нападот така и во одбраната. Секако дека можеме да го победиме Вардар, одигравме многу натпревари оваа сезона против нив, на кои го подигнавме нивото на игра. Сигурно дека ќе пружиме максимум и одиграме најдобро што можеме. Саботниот натпревар нека биде генерална проба за четвртфиналниот двомеч, каде за противник најверојатно ќе го имаме тимот на Ѓер.