Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Девојките на Вардар повторно убедливи со Струга 2009
Кошарка: Девојките на Вардар повторно убедливи со Струга 2009

Кошарка: Девојките на Вардар повторно убедливи со Струга 2009

Предминатото коло екипата на ЖКК Вардар беше слободна во домашната лига, овој викенд тие имаа дуел со тимот на ЖКК Струга 2009. Во рамки на 4.коло од вториот круг црвено-црните се домаќини на екипата од Струга која повторно ја совладаа, ние во треттата меѓусебна средба дојдовме до треттата победа над стружанки.

Вардарки ги пречекаат стружанки во нивниот дом, малата сала при С.р.ц “Кале“-Скопје. Ние влеговме како фаворитки во овој натпревар, а со играта во текот на целиот натпревар го оправдавме тоа.  Уште по првата четвртина водевме убедливо, а на одмор заминавме со 3о-сетина поени предност. На крај нашата победа беше изразена со резултат 68-44.

 Вардарки во лигата се  второпласирани на табелата со 20 бода, пред нас е само шампионот Бадел со два бода повеќе. Очигледно е уште сега дека овие два тима ќе се борат за пехарот во финалната серија како и изминатата сезона.