Денес, вторник, РК Вардар го завршува регуларниот дел од СЕХА Газпром лигата со последниот меч против хрватскиот вице-првак, тимот на РК Нексе. Истиот ќе се одигра од 17-45 часот во СЦ „Јане Сандански”- Скопје. Момците на Раул Гонзалес се први на табелата и имаат обезбедено место на Ф4 турнирот што ќе се одржи во Скопје од 13 до 15 април.
Од овој натпревар ќе може да се проследни директен пренос на Македонската радио и телевизија. Државната телевизија ќе врши пренос на својот прв програмски канал од овој ракометен, регионален последен дуел на црвено-црните.