Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ топ-10: Вардар ќе се пласира на Ф-4, но не е фаворит за титула
ЕХФ топ-10: Вардар ќе се пласира на Ф-4, но не е фаворит за титула

ЕХФ топ-10: Вардар ќе се пласира на Ф-4, но не е фаворит за титула

Европската куќа на ракометот повторно го лиферуваше редовното рангирање  на најдобрите 10 клуба во Лигата на шампионите. Истото е направено  по комплетирањето на фазата по групи, на новото рангирање нашиот РК Вардар забележа нов пад. Европскиот првак сега според рангирањето  е четврти во Европа, според експертите ангажирани од ЕХФ да ги анализираат и рангираат најдобрите екипи. Во четирите пролетни кола запиша два пораза во гости кај Барселона, Нант, триумф над  Пик Сегед и нерешено со Висла.

Бранителот на титулата се справуваше добро со фактот дека е мета на сите, досега сезонава. Победата во групата А му даде шанса да оди директно во четвртфиналето, што значи дека тимот од Скопје е на еден чекор од пласман на Ф4-турнирот во Келн. Тренерот Раул Гонзалес и уште неколку клучни играчи си одат на крајот од сезонава, но претходно ќе се обидат да креираат историја- пишува во коментарот за Вардар.

ПСЖ остана на  првото место, Вардар од второто падна на четврто, пред нас се Веспрем и Барселона. Нашиот тим  во есенскиот дел од сезоната беше на  првото место од ова рангирање. ЕХФ Топ10 листата изгледа вака:

1. ПСЖ

2. Барселона

3. Веспрем

4. Вардар

5. Нант

6. Фленсбург

7. Кјелце

8. Кил

9. Кристијанштад

10. Монпелје