Викендов на програмата во Македонската кугларска лига беше претпоследното, 14.коло од домашниот шампионат. Во истото требаше да се одигра дуелот помеѓу КК Вардар како домаќин и екипата на шампионот, КК Макпетрол како гостин. Натпреварот по договор на двете екипи беше одложен, а истиот доби нов термин на одигрување.
Мечот помеѓу лидерот на табелата, тимот на “пумпашите“ и нашиот црвено-цен колектив кој влегува како второпласиран во овој дуел ќе се игра во четврток, 22.март. Натпреварот во кугланата “ВИП“ при С.Ц “Борис Трајковски“ -Скопје ќе почне во 17-00 часот.