Ракометниот клуб Вардар со двете екипи, машката и женската обезбеди место во четвртфиналната фаза од елитната ЕХФ Лига на шампионите. Денес клубот со соопштение извести за можноста на замена на сезонските влезници за билет за овие два дуела. Во продолжение известувањето од црвено-црниот ракометен колектив:
Сите сопственици на сезонски влезници за натпреварите на Вардар во ракометната лига на шампиони во две седмици ќе имаат можност да ги заменат со билети за четврт-финалните натпревари во машка и женска конкуренција.
Од среда 21 март до 5 април ќе трае приоритетната замена на сезонските билети со влезници за четврт-финалните натпревари во ЛШ во машка и женска конкуренција.
По истекот на овој период сите сезонски билети кои нема да бидат заменат ќе бидат пуштени во слободна продажба.
Од 6 април ќе почне регуларна продажба на влезници за поединечните натпревари на Вардар во четврт-финалето во машка и женска конкуренција.
Приоритетната замена на сезонските билети со влезници за четврт-финалните натпревари ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој ден од 10 до 18 часот. Притоа ќе биде задолжително приложување на сезонскиот билет.
Повеќе информации околу замената може да се добијат на info@ticketplus.mk и на телефонскиот број + 389 2 2401 980
Сите што во овој рок нема да извршат замена на билетите, значи дека се откажуваат од тоа право, и истите ќе бидат пуштени во слободна продажба.
Цени на билети:
РК Вардар
- А блок – 600 денари
- Централни – 500 денари
- Позади гол – 400 денари
- Стоење – 200 денари
ЖРК Вардар
-А блок – 300 денари
-Централни – 200 денари
-Позади гол – 150 денари
ВАРДАР ПАСС – само за имателите на Вардар ПАС
-А блок – 800 денари
-Централни – 600 денари
-Позади гол – 500 денари