Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика: Светскиот шампион Тони Наскоски го тренира Петре Завировски
Атлетика: Светскиот шампион Тони Наскоски го тренира Петре Завировски

Атлетика: Светскиот шампион Тони Наскоски го тренира Петре Завировски

Славниот боксерски шампион светскиот шампион во професионален бокс, легендарниот шампион кој што никогаш не загуби борба, Тони Наскоски . Кој во период од 1998 до 2007 имаше 13 професионални борби и исто толку победи со 7 нокаути. Продолжува да ја води кариерата на нашиот млад атлетичар Петре Завировски. Маратонските предизвици за вардарецот ке бидат многу полесни со светскиот шампион.

Петре Завировски својата премиера оваа сезона ќе ја има на 31.март на традиционалниот полумаратон “Трчаме Кон Целта” кој годинава ке го има своето 13 издание. Младиот атлетичар на АК Вардар оваа зима одработи добри припреми и најавува дека е во одлична форма. Интензитетот на неговите тренинзи беше многу силен.

toni

Со право Вардарецот најавува атак и соборување на неговиот најдобар резултат на оваа делница од 21.097км кој изнесува 1:17:10 постигнат во Подгорица 2016г. Стартот е закажан за Сабота 31 Март кај мостот Близнак. Патеката е лиценцирана и поседува насионален сертификат. Се трчаат три круга од мостот Близнак до хотелот Ходејин и назад по асфалтниот дел од кејот на реката Вардар. Во минатото Завировски има три настапи на овој полумаратон. Секогаш бележел добри настапи. Да се потсетиме во 2012г тогаш како 18 гоишно момче го трчаше својот втор полумаратон и истрча време од 1:35:32 минути. Тогаш тоа беше подобрување на неговиот резултат за 20 минути во однос на 2011г кога прв пат се појави на оваа делница но тогаш на Скопскиот маратон. Следната 2013 година за прв пат во кариерата трчаше полумаратон под 1:30. Поточно постигна резултат 1:25:31 минути како 19 годишно момче. Тогаш го подобри своето време за 8 минути. По пауза од три години на оваа трка одново се појави во 2016 година. Тогаш истрча резултат од 1:19:50 што претставува 8 најдобро време во неговата кариера во оваа дисциплина каде досега има настапено на 18 полумратони. Во сабот 31март со почеток од 9:00 часот ке го трча својот 19 полумаратон во кариерата.