Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Десет ракометарки од Вардар, се најдоа во составите на своите репрезентации за денешните квалификациски мечеви, за пласман на ЕП
Десет ракометарки од Вардар, се најдоа во составите на своите репрезентации за денешните квалификациски мечеви, за пласман на ЕП

Десет ракометарки од Вардар, се најдоа во составите на своите репрезентации за денешните квалификациски мечеви, за пласман на ЕП

Денес на програмата се ракометни натпревари, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство кое оваа година ќе се одигра во Франција . Активни ќе бидат и неколку ракометарки на Вардар, кои со своите репрезентации бркаат пласман на една од првите две позиции кои носат учество на ЕП.

Во рамките на групата 3, Македонија која е предводена од Симе Симовски ќе гостува на Фарски Острови, во обид да стигне до првите бодови во групата. Дуелот ќе започне од 19 часот, а во составот се наоѓаат и пет ракометарки на Вардар. Се работи за Мирјета Бајрамовска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Теодора Керамичиева и левото крио, Анастасија Николовска, за која ова е деби во сениорската селекција. Полина Кузнецова ќе има настап за Русија, која се среќава со репрезентацијата на Романија. Русија се наоѓа на второто место на табелата, со една победа и пораз, додека прва е Романија со максимални четири освоени бодови.

Радичевиќ и Кликовац ќе се обидат со Црна Гора да стигнат до третата последователна победа во својата група, но ќе имаат тешка задача со оглед дека гостуваат на Полска, која исто така има максимален ефект после првите две одиграни кола. Во групата во која се наоѓа и Македонија, натпревар ќе одиграат Србија и Шведска, а во составот на Обрадовиќ за овој меч се и играчите на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.