Oвој викенд кошаркарскиот клуб Вардар кој е познат како најдобра младинска кошаркарска школа во земјава ( за што добија и признание од МКФ за изминатата 2017 година) организираше Меѓународен кошаркарски турнир. На турнирот настапиа играчи родени 2006 година, односно беше во категоријата М-12. Турнирот се нарекува “Балканска лига“. Истиот се играше во салата на КК Вардар, односно малата сала при С.р.ц “Кале “ во Скопје.
Екипата на Балкан од Ботев, Бугарија е победник на третото овогодишно издание на Балканскиот Куп одржан викендов во Скопје во организација на КК Вардар. Во големото финале младите надежи од Ботев беа подобри од своите 12-годишни врсници Вардар од Скопје победувајќи ги со 84:56.