Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ постигна 11 голови во триумфот на Црна Гора, минимален пораз на Лекиќ и Цвијиќ со Србија
Радичевиќ постигна 11 голови во триумфот на Црна Гора, минимален пораз на Лекиќ и Цвијиќ со Србија

Радичевиќ постигна 11 голови во триумфот на Црна Гора, минимален пораз на Лекиќ и Цвијиќ со Србија

Во текот на вчерашниот ден се одиграа ракометни натпревари во рамките на квалификациите, за пласман на ЕП во Франција. Активни беа ракометарките кои настапија за своите селекции.

Србија за која настапија Лекиќ и Цвијиќ го загуби својот натпревар на ггостувањето во Шведска. Србија до средината на првото полувреме имаше предност до два гола разлика, која во 21 минута Шведска ја анулира, кога направи серија од 4:0 и поведе со 9:7. Имаа скандинавките контрола на резултатот до крајот на првото полувреме, кога поведоа и со највисоки 15:11, за по истекот на првите 30 минути, Шведска да има водство од 16:13.

Во најголем дел од второ полувреме, Шведска беше во предност и имаше контрола на резултатот. Откако избраничките на Обрадовиќ намалија на само еден гол негатива (17:16) следуваше серија на домашната репрезентација од 3:0 за во 38 минута да ги вратат најголемите четири голови разлика (20:16). Сепак следиме интересен период во кој, Србија направи серија од 3:9 и успева да направи резултатски пресврт и да поведе со 23:25. Влеговме во интересна завршница, во која се играше гол за гол, а Шведска успева на пет секунди пред крајот да постигне гол и да слави победа со резултат 31:30.

Ракометарките на Вардар, Драгана Цвијиќ постигна 3, додека Андреа Лекиќ 2 гола.

Четврта последователна победа за Црна Гора во рамките на четвртото квалификационо коло, овој пат на домашен терен ја победија селекцијата на Полска и тоа убедливо со резултат 33:24. Избраничките на Јохансон имаа добар старт на овој дуел, кога по 13 минути игра имаа предност од 8:3. Сепак Полска се погрижи второто полувреме да биде неизвесно, кога успеаа да стигнат до само еден гол негатива (10:9), за по шест минути да го израмнат резултатот на 13:13. По првите 30 минути, избраничките на Јохансон имаат минимално водство од 14:13.

Вториот дел започна со го головите на Раичевиќ и Булатовиќ, кои зголемија на 16:13. Полска одржуваше некаква резултатска неизвесност кога разлика се движеше од 2-3 голови разлика. Сепак искуството и квалитетот на Црна Гора дојде до израз, па со неколку сврзани погодоци, Црна Гора се одлепува на највисоки 28:21 во 52 минута. Последните минути беа рутина за иззбраничките на Јохансон, кои славеа убедливо со двоцифрена разлика 33:23.

Јованка Радичевиќ беше вистински предводник во победата на својот тим, постигнувајќи 11 голови, додека во листата на стрелци се запиша и Андреа Кликовац која додаде 2 гола.