Вчера се одигра последното 15.коло во Македонската кугларска лига, по кое КК Макпетрол е старо-нов Шампион на Република Македонија, а нашиот КК Вардар за 4 години постоење, 4 пати е вицешампион на Република Македонија. Вардарци успеаа да го остварат она за кое и се надева, бореа и стремеа од почетокот “сребрената позиција“ во МКЛ.
Сезоната беше долга, ние влеговме ослабнати во истата, но амбициите беа високи да се заврши пред сите конкуренти во лигата веднаш зад богатиот тим на КК Макпетрол. Момците на Драги Димитровски низ “трња“ успеаа да дојдат до посакуваната позиција. Вчера во последното коло гостувавме кај тимот на КК Хераклеа во Битола, натпреварот се одира во кугланата при спортската сала “Младост“- Битола. Ние на тој дуел победивме со резултат 3-5, во сетови триумфиравме со резултат 10,5-13,5. Нашиот тим собори 2950 “дрва“, а домаќинот 19 помалку, односно 2931. Кај нас Тодоровски поенираше и имаше најдобар скор, покрај него поенираа Ритевски Коста и Митиќ Бранко. За сениорскиот тим дебитираше Љубчо Митиќ кој одигра солидна партија. Извештај од дуелот во продолжение (фото).