Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор се бореше, но сепак Радовиш дојде до бодовите на првиот дуел од плеј-аутот
Вардар Јуниор се бореше, но сепак Радовиш дојде до бодовите на првиот дуел од плеј-аутот

Вардар Јуниор се бореше, но сепак Радовиш дојде до бодовите на првиот дуел од плеј-аутот

Тимот на РК Радовиш  вчера во рамки на првoто коло во плеј-аутот беше домаќин на екипита на РК Вардар Јуниор. Нашиот тим  на натпреварот одигран во СРЦ “25-ти Мај“- Радовиш даде солиден отпор, но до победата сепак дојде домашниот тим, тие триумфираа со резултат 31-25 ( 17-14).

На почетокот од првиот дел двата тима постигнаа по три погодоци за неколку резултатски симетрии (1-1, 2-2 и на крај 3-3), потоа нашиот тим прв пат поведе на дуелот   со 3-4,  следеше домашна серија преку Ивица Илиев за 7-4. Нашите момци од младиот тим на Вардар Јуниор изнајдоа сили и  се врати во игра намалувајќи на 10-9, сепак  избраниците на Стојан Петрушевски не можеа да го издржат истиот ритам и на заминаа на одмор со негатива од три гола, 17-14.

Вториот дел почна со по еден гол во двете мрежи за почетни 18-15 на семафорот во СРЦ 25 Мај, потоа домаќинот беше далеку подобар противник во продолжението од вториот дел  на овој дуел.  Со серија 7-2 тие ја направија клучната разлика одлепувајќи се на високи осум гола, 25-17 и најавувајќи дека ќе атакуваат на цел плен. До крајот се беше рутина, нашите момци единствено успеаа да намалат на пет негатива и да го ублажат поразот.

Кај Вардар Јуниор се истакнаа Кукуловски со шест, апак Атанасовски даде пет, Димов стрелаше успешно  четири пати колку што имаше погодоци и Крстевски, Мишевски стигна до три,  два гола беа дело на Димитровски, а еднаш успешно мрежата на домаќинот ја затресе Владимиров.