Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јована Саздовска ја предводеше Македонија до победа над Фарски Острови, уште три ракометарки на Вардар се запишаа во листата на стрелци
Јована Саздовска ја предводеше Македонија до победа над Фарски Острови, уште три ракометарки на Вардар се запишаа во листата на стрелци

Јована Саздовска ја предводеше Македонија до победа над Фарски Острови, уште три ракометарки на Вардар се запишаа во листата на стрелци

Сениорската ракометна репрезентација на Македонија стигна до втората последователна победа во дуелите со Фарски Острови, откако вечерва на Кале избраничките на Симе Симовски славеа со резултат 28:24, во рамките на четвртото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција.

Заслужена победа на Македонија, ако се земе во предвид предноста во текот на целиот меч и контролата на реултатот. Натпреварот започна со по два гола на двете страни (2:2), што беше прво и единствено израмнување на овој натпревар. Набргу нашата селекција постигна три голови во серија и поведе со 5:2. Делуваше сигурно нашата одбрана, што ни овозможи на средината на првиот дел да имаме највисоки пет голови разлика (8:3). До крајот на првото полувреме гледавме мал број на погодоци, како резултат на грешките кои ги направија двете репрезентации и избрзаните напади на Македонија, но се пак на одмор заминавме со резултат 14:8.

На стартот на вториот дел, во два наврати имавме предност од најголеми седум голови ралика, а Фарски Острови најмногу што успеа да стори е во еден дел на мечот да намали на четири голови негатива. Имаше контрола  на резултатот нашата репрезентација и разликата се движеше од 4-6 голови предност за Македонија. Немаше сили, противникот да направи некаква возбудлива завршница, па истекот на 60-те минути, конечниот резултат гласеше 28:24.

Најефикасна ракометарка во нашите редови беше левото крило на Вардар, Јована Саздовска која постигна седум голови. Од Вардарките во листата на стрелци се запишаа уште и Мирјета Бајрамовска која постигна три голови, додека по два гола беа дело и на Теодора Керамичиева и Сара Ристовска.

До крајот на овие квалификации, остануваат уште натпреварите со Србија на гости, и со Шведска на домашен терен.