Одбојкарите на Вардар им се вратија на победите по неуспехот во Купот на Македонија против екипата на Струмица. Овој викенд нашите одбојкари како гости го победија тимот на ОК Лешок со резултат 3-0.
Со оваа победа Вардар сигурно чекори кон неизвесна завршница и борба за првата позиција и титула заедно со екипата на ОК Струмица, која ни е “пречка” за трофејот и во Купот.