Еден од најдобрите светски голмани во историјата на ракометот и моментално член на Европскиот шампион, Арпад Штербик доби посебно место во куќата на славните во овој спорт. Имено Штербик се најде во идеалниот тим на светот после 2000 година. Со Европските титули кои ги освои со неколку различни екипи, големите индивидуални признанија зад своето име, како и големиот број на трофеи со екипите во националните првенства, Арпад заслужено доби место во ракометните легенди.
Во овој идеален тим на светот после 2000 година, покрај Штербик се најдоа уште и Ненад Перуничиќ ( Србија), Олафур Стефансон ( Исланд), Ивано Балиќ ( Хрватска), Кристијан Шварцер ( Германија), Мирза Џомба ( Хрватска) и Ларс Кристијансен ( Данска).
Моментално најдобриот македонски играч, Кирил Лазаров исто така се најде во ракометните легедни и тој е избран во најдобриот тим на светот, после 2010 година.