Руската ракометна репрезентација за која настапува Полина Кузнецова, во текот на вчерашниот ден го одигра четвртото коло во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција.
Русија го доживеаа вториот пораз во овие квалификации и тоа на гостувањето против репрезентацијата на Романија. Домаќинот подобро го отвори натпреварот кога поведе со резултат 3:1 и 5:2. Оваа разлика ја одржуваа се до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 15:12, иако во два наврати намалија на само еден гол разлика (7:6 и 11:10).
Второто полувреме започна со по еден гол на двете страни, за резултат од 16:13. Од тие моменти, селекцијата на Русија направи неверојатна серија од 0:6 и за прв пат на натпреварот поведоа со резултат 16:19. Тренерот на романките побара тајм-аут, па во следните пет минути ги консолидираа своите редови, кога се вратија во мечот и го израмнија резултатот на 20:20. Во последните десет минути подобро се снајде Романија, кога во финишот поведе со 25:23, водство кое го задржа до крајот на мечот, славејќи со конечен резултат од 26:25.
Во редовите на Русија, најефикасна со 5 голови беше левото крило на Вардар, Полина Кузнецова која постигна пет голови. Прва во групата е Романија која има 6 бодови, исто толку има и Австрија, додека на третото место е Русија со 4 освоени бодови.