На 26-ти март 1964 година во Крушево е роден Илија Најдоски, кој во периодот од 1984-1988 година беше дел од Вардар и е дел од шампионската генерација на најтрофејниот клуб, која ја освои титулата во Југославија во сезоната 1986/87.
Денес Најдоски ја извршува функцијата, технички директор во најтрофејниот клуб во Македонија, тоа е Вардар. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси на професионален план.
Среќен роденден Илија.