Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во петок РК Вардар домаќин на Еурофарм Работник во дуел од плеј-офот
Во петок РК Вардар домаќин на Еурофарм Работник во дуел од плеј-офот

Во петок РК Вардар домаќин на Еурофарм Работник во дуел од плеј-офот

Од минатиот викенд стартуваше плеј-офот во машката ракометна Супер лига, вардарци тргнаа кон одбрана на насловот во домашниот шампионат. Атакот на РК Вардар  на 12-та круна, Шампион на Македонија почна со дуелот од првото коло против РК Охрид 2013 в гости кога триумфиравме.

Следното второ коло од плеј-офот односно првото како домаќини го играме задутре, петок, 30.март во Спортскиот центар “Јане Сандански“-Скопје. Ние ја пречекуваме екипата од Битола, тимот на РК Еурофарм Работник . Натпреварот е закажан со почеток во 17-00 часот. Битолчани како и нас по првото коло на своето конто имаат три бода, во овој дуел македонскиот и европски шампион е изразит фаворит на триумф.