На почетокот се беше на нашата страна, нападнавме и брзо создадовме водство од 4 : 0, и најавиме дека ќе атакуваме на победа и реванш за поразот во гости во есенскиот дел. Се играше игра гол за гол па во последните минути влеговме повторно со четири плус, 9 : 5. Потоа следеше пад во нашата игра и серија 0-4 со која гостите израмнија на 9 : 9. Се обидовме на пауза да заминеме со предност од еден погодок 10 : 9, но од еден од дури осумте пенали кој го доби вчера на мечот тимот на Риниа М тие израмнија на 10 : 10. Со тој резултат се замина на одмор на овој дуел.
Вториот дел почна изедначено, екипите постојано изедначуваа и поведуваа, резултатската нишалка беше постојано активна на семафорот во С.р.ц “Кале“. Така се играше се до нашето израмнување на 19 : 19 по кое направивме пресврт. Се издигнавме. заигравме сосема различно, моќно, доминантно и пркосно. Дадовме десет гола, а дозволивме да примиме само три, тоа донесе предност од високи 7 гола, 29 : 22. Тоа што го изработивме во втората половина од вториот дел го зачувавме умно во финишот, ние на крјаот победивме со резултат 31 : 26. Кај нас најефикасни беа Стојанче Симевски и Едис Јакховиќ со постигнати 6 гола, апак Никола Хаџидимовски постигна гол помалку.
Вардар Јуниор: Јоаким Ангеловски 1, Небојша Василевски, Мартин Игнов, Александар Стојчевски 2, Стојанче Симевски 6, Никола Хаџидимовски 5, Александар Нанов 2, Дамјан Јакимовски 4, Едис Јакховиќ 6, Алек Чупетрески, Стефан Динев, Христијан Чакалиќ 3, Борјан Блажевски, Кристијан Стојановски 1, Борис Илиевски 1, Филип Камчев.