Викендов на терените на ФФМ второто пролетно коло го одигра генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година. Момците на Ане Андовски одиграа два натпревари и забележаа исто толку победи. Најпрво на теренот излегоа екипите на Вардар (1) и Форца, дуел кој им припадна на црвено-црните со резултат 6:0. Заслужена победа за вардарци, кои во најголем дел од натпреварот го напаѓаа противничкиот гол и создаваа шанси. Во продолжение фотографии од овој дуел.