Пионерите на ракометниот клуб Вардар успеаа да се пласираат на завршниот турнир во пионерската лига. Вечерва на Кале, избраниците на Андријана Будимир славеа во дуелот со екипата на Шампион и на тој начин го освоија првото место во групата 1, со максимален број на освоени бодови, или 12 победи од исто толку одиграни натпревари.
Гледавме натпревар со две различни полувремиња, а на крајот подобро се снајдоа црвено-црните кои славеа со резултат 18:16. После нерешени 2:2, екипата на Вардар прва успеа да се одлепи на два гола и да поведе со реултат 4:2. Истава позитива од два гола разлика ја имавме уште во три наврати до крајот на првото полувреме, кога резултатот на семафорот беше 6:4, 7:5 и 8:6, а по истекот на првите 20 минути, Вардар имаше минимално водство од 8:7.
На стартот на второто полувреме, екипата на Шампион постигна два гола во серија и за прв пат на овој натпревар имаше предност (8:9). Во следните пет минути, противничката екипа успеа да направи серија од 2:4 и по 8 минути игра во вториот дел да стигне до највисоки три голиви разлика (10:13). Бргу се освестија избраниците на Будимир кога постигнаа три последователни голови и го израмнија резултатот на 13:13. Следуваа интересни и завршни седум минути од натпреварот. До последните две минути од мечот се играше гол за гол и во 38 минута се влезе со нерешени 16:16. Сепак до крајот на мечот, вардариц успеаа да постигнат два гола и на крајот да слават победа, изразена со резултат 18:16.
Убедливо најефикасен кај Вардар беше Бојан Чакалиќ кој постигна 7 голови, додека кај Шампион се истакна Едвин Омерагиќ со 6 погодоци. Избраниците на Андријана Будимир можат да се пофалат со податокот дека ја имаат најдобрата одбрана и нападот во сите четири групи од пионерската лига, што ги прави да бидат најдобри во сите сегменти, во регуларниот дел на сезоната.
Вардар: Стојкоски, Мишевски 3, Чакалиќ 7, Павловски 2, Трајковски, Жерновски, Ташевски, Димитриевски 1, Чорогунов, Србиновски, Грујовски 3, Трајчевски, Савревски 2, Димчевски, Мирчевски, Калајџиески.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден се одиграа два натпревари помеѓу овие две екипи, во рамките на кадетската и пионерската лига. Мечевите изобилуваа со цврста и спортска игра и пред се ракомет убав за око. Двата тима покажаа квалитет , екипата на Шампион напредок од есенскиот дел, додека Вардар квалитет за да биде лидер.