Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките обезбедија пласман во плеј-офот со победата над Ѓорче
Младинките обезбедија пласман во плеј-офот со победата над Ѓорче

Младинките обезбедија пласман во плеј-офот со победата над Ѓорче

Младинките на Вардар овој викенд забележаа лесна победа против тимот на Ѓорче Петров Вардар. Нашите млади девојки во СЦ. Кале, со убедлив резултат 33-16 (16-9) го добија градскиот ривал од населбата Ѓорче Петров.

Вардарки започнаа фуриозно, по само пет минути играа имаа предност од 6-3. Следуваше серија од дури 7-0, за некаде на средината на првиот дел да се стигне и до предност од 13-3. До крајот на првиот дел Вардарки не застанаа, следуваа нови голови, па така на пауза се замина со плус седум, 16-9 за тимот на Вардар. Вториот дел со гол го отвори гостинскиот тим, потоа следуваше гол и за Вардар. Кон средината на вториот дел веќе се беше јасно, ако и до тогаш имаше дилеми, резултатот гласеше 25-15 за Вардар, за однови плус десет. Кон крајот на мечот дојде разликата и на +12, тука Вардар не застана, следуваа нови голови, за на крајот да избројат до 33, а да примат двојно помалку, или 16. Кај тимот на Вардар денеска бринираше Гоцевска Марија со 11 погодоци.

Вардар – Ѓорче Петров Вардар 33-16 (16-9)

ВАРДАР: Елена Бабунска, Елена Ивановска 4, Јована Софкоска, Марија Танчева, Анастасија Нелоска 3, Викторија Сандева, Александра Колоска, Јована Величковска 1, Тамара Паланковска 2, Дона Алушовска, Марија Костадиновска 2, Марија Гоцевска 11, Кети Ангеловска 8, Бојана Коцева 1, Мила Пешиќ 1, Борјана Коцева.