Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар предводени од Будимир со триумфот над Шампион го освоија првото место во својата група со стопроцентен ефект и се пласираа на Ф4 во пионерската лига
Пионерите на РК Вардар предводени од Будимир со триумфот над Шампион го освоија првото место во својата група со стопроцентен ефект и се пласираа на Ф4 во пионерската лига

Пионерите на РК Вардар предводени од Будимир со триумфот над Шампион го освоија првото место во својата група со стопроцентен ефект и се пласираа на Ф4 во пионерската лига

Пионерите на ракометниот клуб Вардар успеаа да се пласираат на завршниот турнир во пионерската лига. Вечерва на Кале, избраниците на Андријана Будимир славеа во дуелот со екипата на Шампион и на тој начин го освоија првото место во групата 1, со максимален број на освоени бодови, или 12 победи од исто толку одиграни натпревари.

1

Гледавме натпревар со две различни полувремиња, а на крајот подобро се снајдоа црвено-црните кои славеа со резултат 18:16. После нерешени 2:2, екипата на Вардар прва успеа да се одлепи на два гола и да поведе со реултат 4:2. Истава позитива од два гола разлика ја имавме уште во три наврати до крајот на првото полувреме, кога резултатот на семафорот беше 6:4, 7:5 и 8:6, а по истекот на првите 20 минути, Вардар имаше минимално водство од 8:7.

3

На стартот на второто полувреме, екипата на Шампион постигна два гола во серија и за прв пат на овој натпревар имаше предност (8:9). Во следните пет минути, противничката екипа успеа да направи серија од 2:4 и по 8 минути игра во вториот дел да стигне до највисоки три голиви разлика (10:13). Бргу се освестија избраниците на Будимир кога постигнаа три последователни голови и го израмнија резултатот на 13:13. Следуваа интересни и завршни седум минути од натпреварот. До последните две минути од мечот се играше гол за гол и во 38 минута се влезе со нерешени 16:16. Сепак до крајот на мечот, вардариц успеаа да постигнат два гола и на крајот да слават победа, изразена со резултат 18:16.

4

Убедливо најефикасен кај Вардар беше Бојан Чакалиќ кој постигна 7 голови, додека кај Шампион се истакна Едвин Омерагиќ со 6 погодоци. Избраниците на Андријана Будимир можат да се пофалат со податокот дека ја имаат најдобрата одбрана и нападот во сите четири групи од пионерската лига, што ги прави да бидат најдобри во сите сегменти, во регуларниот дел на сезоната.

Вардар: Стојкоски, Мишевски 3, Чакалиќ 7, Павловски 2, Трајковски, Жерновски, Ташевски, Димитриевски 1, Чорогунов, Србиновски, Грујовски 3, Трајчевски, Савревски 2, Димчевски, Мирчевски, Калајџиески.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден се одиграа два натпревари помеѓу овие две екипи, во рамките на кадетската и пионерската лига. Мечевите изобилуваа со цврста и спортска игра и пред се ракомет убав за око. Двата тима покажаа квалитет , екипата на Шампион напредок од есенскиот дел, додека Вардар квалитет за да биде лидер.