Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар Јуниор непоразени се враќаат од Гостивар
Пионерите на Вардар Јуниор непоразени се враќаат од Гостивар

Пионерите на Вардар Јуниор непоразени се враќаат од Гостивар

Пионерите на РК Вардар Јуниор денес одиграа дуел  на гостински терен, против екипата ГРК Гостивар. Избраниците на Зоран Петковски- Зенга одиграа еден тежок и интересен натпревар кој на крајот заврши со поделба на бодовите, реми. Овој пионерски дуел заврши со резултат 14-14 (4-6).

Впечаток е дека црвено-црниот млад пионерски колектив одигра далеку подобро со екипата на ГРК Гостивар од есенскиот натпревар одигран во салата “Кале“. Почнавме со водство на овој натпревар и успеавме да имаме, гол два предност. На одмор заминавме со два позитива на нашето конто. Резултатот на семафорот за време на паузата беше 4-6 во наша корист.
На овој дуел треба да истакнеме дека промашивме три удара од линијата од седум метра. Вториот дел почна на исти начиин како и првиот дел, двата тима имаа свои моменти. Стандардно на крајот кога се кршеше резултатот локалните судии има “свое шоу“, нормално на наша штета. Дуелот заврши со поделба на бодовите и резултат 14-14 на крајот.