Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Неквалитетен дуел во Битола, на крајот спречен и поголем инцидент

Неквалитетен дуел во Битола, на крајот спречен и поголем инцидент

fkv-pelister-vardarfans-gogovНеквалитен дуел денеска одиграа Пелистер и Вардар во Битола. Вардар имаше повеќе шанси, но не успеа да постигне гол, па така со резултат 0:0 заврши овој дуел. Кон крајот на мечот се случи и еден инцидент, еден навивач на домаќините влезе на теренот, но за брзо и го напушти.

Здодевно прво полувреме во Битола одиграа вечните ривали Пелистер и Вардар. Во првите 45. минути Вардар ја имаше воглавно топката во свој посед, но не створи ниту една посериозна шанса за гол, воглавно се закануваше со удари од над 20. метри и тоа преку Блажевски. Во првиот дел за одбележување беа шансите на Блажевски во 14. и 27. минута, но и двата удари на нашиот крилен играч завршија без погодок. Пелистер пак, во првиот дел имаше еден опасен удар кон голот на Гачевски, во 24. минута ударот на Наумоски го одбрани нашиот голман.

fkv-bitangНа стартот од вториот дел кај Вардар беа извршени две замени, во игра влегоа Тошевски и Максимов, а од игра излегоа Цветаноски и Брдаровски. Во вториот дел исто како и во првиот, Вардар имаше посед на топката но не створи шанса за гол, освен онаа на Максимов кон средината мечот. Во 67. минута Максимов од 17-18 метри шутираше, топката ја погоди само стативата и се одби до Блажевски кој што од лево центрираше до Барсегјан кој што со глава ја упати топката кон голот, но одбрани Петровски. Во 76. минута одново шутираше Максимов, но одбрани овој пат Петровски. Во последните мигови од дуелот, Барсегјан биеше со глава но Петровски одбрани со парада и спречи погодок за Вардар и победа.