Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките на РК Делчево подобри од тимот на Општина Кисела Вода во дуел од Јуниор лигата во генер.2006/07
Девојките на РК Делчево подобри од тимот на Општина Кисела Вода во дуел од Јуниор лигата во генер.2006/07

Девојките на РК Делчево подобри од тимот на Општина Кисела Вода во дуел од Јуниор лигата во генер.2006/07

Денес во салата “Кале“ во рамки на Јуниор ракометната вардарова лига се одиграа два женски дуела. Во првиот кај генерација 2006/2007 се сретнаа екипите на РК Делчево Вардар и Општина Кисела Вода Вардар. На оваа средба до победа дојде екипата на која ја предводеше Горан Велков, тимот на Делчево Вардар со резултат 10-8 (5-2).

a3

Први со погодок првиот дел го отворија девојките на Делчево кои поведоа со 1-0. Се играше борбено со многу желба, натрчување и борба од двете женски екипи на оваа средба. Тие пред крајот на првиот дел поведоа со највисоки плус четири односно со 5-1. Девојките од скопскиот тим се обидоа да се вратат во игра и успеаа да намалат на 5-2, иако имаа прилики и за повеќе погодоци. Делчевки отидоа на пауза со предност од три плус, 5-2 стоеше на семафорот во  Салата “Кале“.

a2

Вториот дел почна со офанзива на  РК Општина Кисела Вода Вардар која се врати во игра и постигнаа два гола едноподруго, со истите тие намалија на 5-4 и внесоа неизвесност во овој натпревар. Следеше серија 3-0 по која девојките од Делчево се одлепија повторно на “плус четири“, односно поведоа со 8-4.  Во финишот подобар беше тимот на Општина Кисела Вода Вардар кој ја преполови предноста на ривалот. Сепак тие беа поразени со резултат 10-8 на овој дуел.