Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Симон Калајџиески: Во нашата игра има многу напредок од претходната година, огромен удел за тоа има и тренерот Будимир која сака да ни го пренесе секој детал од нејзината успешна кариера
Симон Калајџиески: Во нашата игра има многу напредок од претходната година, огромен удел за тоа има и тренерот Будимир која сака да ни го пренесе секој детал од нејзината успешна кариера

Симон Калајџиески: Во нашата игра има многу напредок од претходната година, огромен удел за тоа има и тренерот Будимир која сака да ни го пренесе секој детал од нејзината успешна кариера

Генерацијата родени 2002/03 година на ракометниот клуб Вардар оваа сезона се натпреваруваат во пионерската и кадетската лига. Избраниците на Андријана Будимир се пласираа на завршниот турнир во пионерската лига, откако го завршија регуларниот дел од сезоната, на првото место во својата група и на тој начин ја продолжуваат борбата за трофејот во лигата. Симон Калајџиески кој е дел од оваа надежна генерација ја игра својата втора втора сезона во црвено-црниот дрес, откако дојде од академијата на Стевче Алушовски, кој моментално работи како тренер, а е поранешен играч на Вардар и Македонската репрезентација. Симон ќе не запознае со неговите почетоци во ракометот, желбата за овој спорт, како и за периодот поминат во неговата прва школа, во која ги научи основите во ракометот. Инаку тој настапува на позицијата десно крило.

-Со ракомет почнав да се занимавам на 12 години и мојот прв тренер беше Стевче Алушовски. Како мал сум одел на повеќе спортови: гимнастика, пливање, кошарка, фудбал и на крај ракомет со кој се занимавам се до денес. Немав посебна причина за која се запишав на ракомет, освен тоа што одеа неколку мои другари па едноставно сакав и јас да пробам. На почетокот тренирав во академијата Алушовски која подоцна прерасна во клуб. Благодарен сум за се што направија тренерот и моите соиграчи во тој клуб. Подоцна ме повика тренерот Андријана Будимир од клубот Вардар да одам на пробен тренинг кај нив. Уште од првиот ден добро ме прифатија соиграчите од тимот и посакав да останам кај нив и да играм за клубот Вардар. Оваа сезона ми е втора по ред како тренирам и играм во пионерска и кадетска конкуренција.

vardarfans-simon

Минатата сезона пионерите на Вардар не успеаа да се пласираат на завршниот турнир на најдобрите четири екипи, откако преку ждрепка не беа извлечени за учество на Ф4. Оваа сезона избраниците на Будимир завршија на првото место во својата група, со максимален број на освоени бодови. Тие имаа 12 победи од исто толку одиграни натпревари, како и најдобар напад и одбрана во целата лига. Во последното коло од регуларниот дел ја совладавме екипата на Шампион, која заврши како второпласирана со само два порази и двата од екипата на Вардар. И во кадетска конкуренција имаме стопроцентен ефект и сме на добар пат да се пласираме и тука на завршниот турнир.

-Во нашата игра има многу напредок од претходната година, есенскиот дел немавме ниту еден пораз или реми во лигата. Продолживме со нашата серија и во пролетниот дел од лигата во која што немаме пораз до сега и сме сигурни учесници на ф4 турнирот во пионерска конкуренција. За последниот меч со екипата на Шампион ќе кажам дека во нивната игра се осети исто така голем напредок и воопшто не е екипа која треба да се потцени.

vardarfans-tekst

-Сите екипи сакаат да постигнат пласман на ф4 турнирот и сите екипи играат со својот максимум за да завршат со трофеј. За сега ние сме први фаворити во кадетската конкуренција и ќе се обидеме тоа и да го докажеме преку нашата цврста игра.

Не се случајност добрите игри и успеси кои ги има оваа генерација на Вардар, како на домашна така и на меѓународна сцена, ако се земе предвид дека нивни тренер е Андријана Будимир, која како играч успеа на два пати да ја освои Лигата на Шампионите.

vardarfans-ekipa

-Нашиот тренер Андријана Будимир има огромен удел за нашиот напредок и успех. Таа сака да ни го пренесе секој можен детал кој го има постигнато во нејзината успешна кариера. Таа не е само тренер за нас, туку и втора мајка на која што можеме секогаш да и се обратиме. Среќни сме што имаме таков тренер покрај нас да не бодри. Дури и машките тренери можат да и завидуваат на нејзината храброст и желбата за нејзиниот успех со нас, а пред се и нејзиниот успех како тренер.

Звонко Ивановски