Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > КУП: Познати противниците во 1/4-фин. за двете машки и женски екипи на Вардар
КУП: Познати противниците во 1/4-фин. за двете  машки и женски екипи на Вардар

КУП: Познати противниците во 1/4-фин. за двете машки и женски екипи на Вардар

Познати се четвртфиналните предизвици во Купот на Македонија за четирите црвено-црни екипи, машките и двете женски. Во машкиот куп со  четврт-финалните групи од Купот на Македонија почнува одбраната на титулата што РК Вардар ја брани. Вардарци ќе бидат домаќини на Група 1 каде се уште и екипите на Борец, Металург 2 и Металург јуниор.

 Вардар јуниор ќе гостува во Автокоманда каде се играат натпреварите од Група 4, и таму се уште и екипите на Металург, пролет и Вардар неготино. Натпреварите од оваа група треба да се играат на 21 и 22 април.Дуелите каде Вардар е домаќин ќе бидат дополнително одредени со оглед на тоа што во истиот период нашата екипа го игра првиот меч од четврт-финалето на лигата на шампионите.

Група 1 – домаќин Вардар
Металург 2 – Вардар
Борец – Металург јуниор
* Термините на одигрување дополнително ќе бидат утврдени

Група 4 – домаќин Металург
Металург – Вардар јуниор
Пролет – Вардар Неготино

Кај девојките , двата женски тима Вардар во Купот на Македонија ќе бидат гости во 1/4-финалето. Вардар гостува во Свети Николе кај Овче Поле, а Вардар јуниор гостува кај Куманово. Дуелите од четврт-финалето се закажани за 21 и 22 април. Победниците од овие натпревари ќе се пласираат на финалниот Ф-4 турнир.

Двојки :

Овче Поле – Вардар
Гевгелија – Пелистер
Деспина – Металург
Куманово – Вардар јуниор