Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Статистика од “сребрената“ сезона на Вардар во МКЛ, десет победи, Поп-Крстев со најмногу места во “идеалниот тим“
Куглање: Статистика од “сребрената“ сезона на Вардар во МКЛ, десет победи, Поп-Крстев со најмногу места во “идеалниот тим“

Куглање: Статистика од “сребрената“ сезона на Вардар во МКЛ, десет победи, Поп-Крстев со најмногу места во “идеалниот тим“

Момците на Драги Димитровски, оваа сезона влегоа во Македонската кугларска лига-МКЛ ослабнати со неколку заминувања и со послаб персонален состав од лани, но со исти амбиции. Целта беше “сребрената“ позиција, вице-првак зад богатиот тим на шеснаесет кратниот шампион, КК Макпетрол, а пред сите други тимови во земјава.

Низ “трње“ вардарци ја изгураа сезонава се бореа лавовски и успаа да дојдат до таа посакувана позиција. Во продолжение малку статистика за оваа успешна сезона. КК Вардар сезоната ја заврши со 10 победи од 15 дуела, или победуваме на два меча од три одиграни оваа сезона, што е одлично за овој ростер.  Имавме позитива од 50,5 освоени сетови на овие 15 меча или сетови или 3,40 повеќе по одигран натпревар. Вкупно 18 пати имавме играчи во топ-6 листата на колото.  Соборивме вкупно сезонава 48. 317 “дрва“ на натпреварите, или во просек 3222, со напомена дека два дуела од овие 15 се играни во кугланата во Битола.  На наше конто сезонава имаме 205 освоени сета, или во просек на дуел добивавме 13, 70 сета по натпревар.

Ова се сите постигнати резултати во сезоната 2017/2018:

  1. Коло, ГТЦ-ВАРДАР  3,5:4,5
  2. Коло,  ВАРДАР-Империјал  6-2
  3. Коло,  Макпетол-ВАРДАР  7,5:0,5
  4. Коло, 18 Август-ВАРДАР  2:6
  5. Коло,  ВАРДАР-Хераклеа  7:1
  6. Коло, ВАРДАР- ГТЦ  3:5
  7. Коло, Империал-ВАРДАР  0:8
  8. Коло, ВАРДАР-Макпетол  2:6
  9. Коло, ВАРДАР-18Август  8:0
  10. Коло, Хераклеа-ВАРДАР  7:1
  11. Коло, ВАРДАР-18 август  8:0
  12. Коло, ВАРДАР-Империла  8:0
  13. Коло, ГТЦ-ВАРДАР   2,5 :5,5
  14. Коло, ВАРДАР-Макпетол  1:7
  15. Коло, Хераклеа-ВАРДАР   3:5 

pope

Кога сме кај бројот на партиципирање на нашите играчи во идеалниот тим лидер е младиот Георг Поп-Крстев. Најмладиот вардарец има пет места во идеалната топ-6 постава на колото, од кои четири оваа пролет. Тој покажа квалитет оваа сезона достоен за почит. Веднаш зад него со по четири места во топ-6 листите се капитенот Миле Димковски кои е константен играч и оваа сезона одличниот Влатко Стојановски. Коста Ристевски кој воедно е во топ-10 поединечни просеци на сезоната ( со просек од 555,1) има две места во идеалниот тим, колку што впиша и Дарко Димитровски. Еднаш дел од “идеалните“ беше и искусниот  М. Згонц.

h

*По крајот на сезоната медалите завршија на градите на црвено-црните момци, тие четири години по ред успеаваат да завршат како сребрени. Целта е испонета за оваа сезона 2017/2018 година.

Состав: Димитровски, Ристевски, Поп-Крстев, Згонц, Димовски (к), Митиќ,  Гиевски, Тодоровски и Стојановски.

Тренер: Драги Димитровски