Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар в сабота гостува во Струмица кај Академија Пандев
Вардар в сабота гостува во Струмица кај Академија Пандев

Вардар в сабота гостува во Струмица кај Академија Пандев

В сабота ќе се одигра 26. рунда во ПМФЛ. Во ова коло тимот на Вардар ќе гостува во Струмица кај тимот на Академија Пандев. Ова ќе биде уште едно тешко гостување за “црвено – црните”, по она минатата недела во Битола кај Пелистер.

Академија Пандев оваа пролет игра полошо за разлика од есенскиот дел. На последните пет првенствени натпревари Пандевци немаат ниту една победа, oдносно последните четири дуели на овој тим завршија идентично, со нерешен резултат.

В сабота ќе биде одигран само третиот дуел во историјата на овие два клуба. Досега Вардар има две победи, една во Скопје со резултат 3:1 и во Струмица со резултат 2:0. Се надеваме на трета победа в сабота на Вардар.