Генерацијата родени “2004“ година на фудбалскиот клуб Вардар ќе играат во полуфиналето на турнирот “Колониа Куп“ кој се одржува во градот Бургас. Избраниците на Игор Кралевски денес одиграа два натпревари, кои ги добија со идентичен резултат од 5:0.
На првиот меч утринава се сретнавме со екипата на Арда од Бугарија, меч кој го добивме убедливо со резултат 5:0. Повторно Георг Стојановски постигнаа два гола, додека по еден беа дело на Сандро Каровски, Горазд Попов и Никола Павлески.
ФК Вардар: Ангелов, Љушев, Анчевски, Серафимов, Јаневски, Милошевски, Стоимов, Каровски, Гуџуфи, Стојановски, Павлески.
На вториот дуел за противник го имавме тимот на Спартак Варна, кој исто така доаѓа од Бугарија. И на овој меч нашите момци прикажаа одлична игра и триумфираа убедливо, со резултат 5:0. Самиот резултат говори за надмоќта на вардарци на овој дуел, кои не дозволија ниту еден опасен приод кон нашиот гол. Георг Стојановски повторно ги искажа своите голгетерески способности и постигна нови два гола, вкупно шест зад неговото име на турнирот. За прв пат на овој турнир гол постигна и Ѓорѓи Дошев, додека Никола Павлески трет последователен меч се запишува во листата на стрелци и денес како и Горазд Попов учествуваа со по еден гол во големата победа.
ФК Вардар: Ангелов, Љушев, Анчевски, Дошев, Јаневски, Милошевски, Стоимов, Каровски, Гуџуфи, Стојановски, Павлески.
Со три победи од исто толку одиграни натпревари, младите вардарци обезбедија пласман во полуфиналето, каде за противник го имаат тимот на Берое. На три меча, избраниците на Кралевски постигнаа 15 голови а примија само 1, што говори за нивната добра и мотивирана игра на овој турнир. Во Бугарија на турнирот како помошник на Кралевски е Филип Спасовски.