Вардаровата генерација родени “2004“ година освоија прво место на силниот меѓународен турнир “Колониа Куп“ кој во периодот од 3-6-ти април се одигра во Бургас. Избраниците на Игор Кралевски одиграа пет натпревари на целокупниот турнир и забележаа исто толку победи. Во големото финале ја победивме екипата на Спартак Плевен од Бугарија, со резултат 4:1.
По одигрување на финалните натпревари се доделуваа и поединечни награди и тоа за најдобар голман, најдобар дефанзивец, играч од средниот ред, напаѓач и за МВП или најдобриот играч на целокупниот турнир, како и за фер плеј екипа. Двајца играчи од Вардар се закитија со пединечни признанија. Се работи за Наум Ангелов кој доби признание за најдобар голман, додека Георг Стојановски е најдобриот играч на турнирот кај генерацијата родени “2004“ година. Георг на пет одиграни натпревари постигна вкупно девет голови и беше најдобар стрлец за Вардар, додека Наум Ангелов прими само три голови на турнирот и заслужено го доби ова признание.