Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Александар Ѓорѓиески: Верувам во играчите и оптимист сум дека можеме да бидеме шампиони на Македонија
Александар Ѓорѓиески: Верувам во играчите и оптимист сум дека можеме да бидеме шампиони на Македонија

Александар Ѓорѓиески: Верувам во играчите и оптимист сум дека можеме да бидеме шампиони на Македонија

Александар Ѓорѓиески ја игра својата трета сезона во дресот на Вардар, откако дојде од екипата на Еуромилк Скопје. Тој минатата две сезони настапуваше за пионерите на Вардар кои тогаш ги предводеше Сашо Тодоровски, додека оваа сезона има можност да настапува паралелно за кадетскиот и младинскиот состав на клубот.

30124894_2178513262174001_2611407168997425152_n

-Оваа сезона најпрво започнав да играм со кадетите на чело со тренерот Колев, каде со напорната работа и прикажаните резултати бев прекомандуван во младинците односно една генерација постара. Минатиот викенд утакмицата со Ѓорче Петров ја играв со кадетите, тоа беше одлука на тренерите и стручниот штаб , истата одлука ја почитувам и задоволство ми е што настапувам за две генерации на ФК Вардар.

Оваа сезона, Ѓорѓиески има нова улога на теренот и настапува на позицијата деструктивец, додека на времето кога играше за пионерите беше на позицијата стопер.

-Точно е дека минатата сезона кај тренерот Сашо Тодоровски настапував на позицијата стопер, не ми беше никаков проблем бидејќи тоа беше одлука на тренерот Рап-Тап, но оваа сезона играм на позицијата задни везни каде тренерот Колев ме прекпмандува на мојата природна позиција, на која се снаоѓам најдобро и давам се од себе на секој натпревар.

1-2

Кадетите на Вардар успеаа да освојат многу важни бодови во борбата за титулата со екипата на Шкендија. На домашен терен избраниците на Колев славеа во дуелот со екипата на Македонија Ѓ.П. Алек верува дека оваа сезона Вардар може да биде шампион на Македонија.

-Утакмицата со Ѓорче Петров беше тешка, но и многу значајна за нас бидејќи само со победа опстанувавме во битката за прво место каде се приближивме на 3 бода до Шкендија. Со помош на советите на тренерот Колев одигравме многу добар натпревар, каде доминиравме во секој аспект од теренот и на крај заслужено победивме со резултат од 2:1. До крајот на сезоната верувам во играчите и голем оптимист сум дека оваа сезона титулата прваци ќе заврши во наши раце , ќе дадеме се од себе за повторно да сме шампиони на Македонија.

Звонко Ивановски