Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Наум Ангелов најдобар голман, Георг Стојановски најдобар играч на турнирот “Колониа Куп“, на кој Вардар го освои првото место
Наум Ангелов најдобар голман, Георг Стојановски најдобар играч на турнирот “Колониа Куп“, на кој Вардар го освои првото место

Наум Ангелов најдобар голман, Георг Стојановски најдобар играч на турнирот “Колониа Куп“, на кој Вардар го освои првото место

Вардаровата генерација родени “2004“ година освоија прво место на силниот меѓународен турнир “Колониа Куп“ кој во периодот од 3-6-ти април се одигра во Бургас. Избраниците на Игор Кралевски одиграа пет натпревари на целокупниот турнир и забележаа исто толку победи. Во големото финале ја победивме екипата на Спартак Плевен од Бугарија, со резултат 4:1.

По одигрување на финалните натпревари се доделуваа и поединечни награди и тоа за најдобар голман, најдобар дефанзивец, играч од средниот ред, напаѓач и за МВП или најдобриот играч на целокупниот турнир, како и за фер плеј екипа. Двајца играчи од Вардар се закитија со пединечни признанија. Се работи за Наум Ангелов кој доби признание за најдобар голман, додека Георг Стојановски е најдобриот играч на турнирот кај генерацијата родени “2004“ година. Георг на пет одиграни натпревари постигна вкупно девет голови и беше најдобар стрлец за Вардар, додека Наум Ангелов прими само три голови на турнирот и заслужено го доби ова признание.

koloniq-cup-74 koloniq-cup-75