Македонската фудбалска селекција до 15 години го освои меморијалниот турнир “Јосип Каталински Шкија“. Во финалниот дуел избраниците на Звонко Златановски ја победија селекцијата на град Белград, убедливо со резултат 6:0 и на тој начин го освоија првото место.
Во стартниот состав на овој дуел беше стоперот на вардаровата генерација “2003“, се работи за Филип Ѓорѓоски, додека во игра во второто полувреме влегоа и Антонио Мирков и Петар Давидовски. Токму нововлезениот Давидовски постигна еден од головите.