Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ постигна четири голови во победата на Хрватска, но предвреме го напушти теренот поради повреда
Циндриќ постигна четири голови во победата на Хрватска, но предвреме го напушти теренот поради повреда

Циндриќ постигна четири голови во победата на Хрватска, но предвреме го напушти теренот поради повреда

Актуелна е ЕХФ недела, која голем број на ракометни репрезентации ја користат да одиграат контролни натпревари. Хрватска успеа да го добие вториот дуел против селекцијата на Шведска, совладувајќи ја минимално со резултат 28:29.

Во првите осум минути се играше гол за гол, кога резултатот беше израмнет на 3:3, а Циндриќ успеа да постигне два од првите три гола на Хрватска. Следи лош период за избраниците на Червар, во кој не успеваат да реализираат неколку напади, а тоа го користи Шведска која прави серија од 4:0 и во десеттата минута имаа најголема предност од 7:3. Циндриќ со својот трет гол ја прекинува серијата на домашната репрезентација и намалува на 7:4. Шведска во овој период имаше постојано водство и контрола на резултатот, но хрватите не дозволија натпреварот предвреме да отиде во друг правец. Со нов гол на Циндриќ и Вранковиќ успеваат да намалат на 11:9, но повторно со два гола во серија, Шведска ги врати оние четири голови предност. Се случи и повреда на вардаровиот игра, па Циндриќ беше принуден предвреме да го напушти теренот. Тоа не ги обезхраби хрватите кои успеваат по подолго време да го израмнат резултатот на 15:15. По првиот дел, Шведска имаше минимално водство од 17:16.

На стартот на вториот дел, Хрватска ја превзема предноста кога со два гола во серија поведе со 18:19. Во вторите 30 минути гледавме мал број на погодоци, а избраниците на Червар имаа и два гола позитива 20:18. Гледавме израмнет натпревар, а во последната минута, Хрватска влезе со гол предност. Имаше Шведска напад за израмнување, но одбрани Суниќ, за конечен резултат од 28:29.

Повредата го спречи Циндриќ да биде најдобар стрелец на овој меч, кој го заврши со четири постигнати голови. Дополнително ќе се знае од каков карактер е повредата, со оглед дека за пет дена Вардар го очекува настап на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата.